Search

Путин доби роденденска честитка од Холивуд

Жителите на Лос Анџелес објавија фотографии на „Инстаграм“ од неидентификуван авион кој на небото над Холивуд „црта“ хаштаг # VVP67, што според мислењето на корисниците на социјалната мрежа, било роденденска честитка за рускиот претседател Владимир Путин.

Видеото ги прикажува иницијалите на рускиот претседател ВВП – Владимир Владимирович Путин, додека 67 го претставува бројот на години што ги наполни вчера.

Еден корисник објави видео на кое се гледа дека честитката е направена од мал авион што кружи на небото, пренесува Б92.net.

Путин го прослави својот 67. роденден во дивината, далеку од Кремљ, уживајќи во тајгата со неколку свои сопартијци.

На видеото и фотографиите објавени вчера може да се видат Путин и министерот за одбрана Сергеј Шогу како се качуваат на планини и собираат печурки.

Треба да знаете
Последни објави