Search

Путин: Да не експериментираме – на Русија и е потребна цврста претседателска власт

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со претставници на Липецката област изјави дека на земја каква што е Русија и е потребна цврста претседателска власт.

Путин смета дека е неразумно да се експериментира со државното уредување во земјата и премиенот од претседателска кон парламентарна република.
Шефот на руската држава напомена дека во светот, а посебно во Европа преовладуваат парламентарните републики. „Дали е оваа примена можна кај нас?. Теоретски е можна. Далие тоа препорачливо или не? Секој си има свое мислење за тоа. Јас мислам дека не е”, рече Путин.
-Подобро е да не експирементираме, додаде рускиот претседател, напоменувајќи дека парламентарното државно уредување во некои случаи денеска не функционира.
„За Русија со нејзината огромна територија, мултифункционалноста, големиот број нации, народи, народности кои живеат во земјата… потребна е силна претседателска власт”, одговори Путин на прашањето што мисли за тоа Русија да премине на парламентарна република.
„За парламентарната република ефикасно да функционира, потребно е политичката структура одамна да е порасната. Во истата оваа Европа некои партии постојат со векови. А кај нас, по правило, партијата е поврзана со конкретен човек”, објанси претседателот.
Треба да знаете
Последни објави