Search

Путин го одреди датумот на одржување на парадата по повод Денот на победата

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе одлука на 24 јуни да се одржи воена парада, која традиционално се одржува во Москва на 9 мај за Денот на победата.

Годинешната парада беше одложена поради епидемијата на коронавирусот.

Сепак, на 7 мај, десетици авиони и хеликоптери го покрија небото над Москва како дел од подготовките за воздушната парада по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна. Во тој момент никој не знаеше кога ќе се одржи парадата.

Денес, претседателот на Русија пресече и нареди парадата да се одржи на 24 јуни.

Треба да знаете
Последни објави