Search

Путин го одложи уставниот референдум заради кризата со коронавирусот

– Референдумот за усвојување на уставните амандмани, што го вклучува и оној за реизбор на рускиот претседател Владимир Путин, ќе биде одложен за време на кризата со коронавирусот, соопшти денеска претседателот, пренесе ДПА

Референдумот за сериозните измени на рускиот Устав, меѓу кои и за зголемувањето на овластувањата на парламентот, во кој доминираат политичари кои му се лојални на Путин, беше закажан за 22 април.

ДПА пренесува дека Путин во говорот на теливизија соопштил дека заради пандемијата „ неопходно” е референдумот да се одложи, без да го каже датумот кога тој ќе може да се одржи. Тој на Русите им препорача да останат во своите домови за да ги избегнат конактите со вирусот.

Путин( 67), наведува ДПА, веќе две децении е претседател или премиер на Русија.

Треба да знаете
Последни објави