Search

Путин го обвини Порошенко дека ја организирал „провокацијата” во Керченскиот Теснец

Рускиот претседател Владимир Путин за судирот во Керченскиот Теснец го обвини украинскиот претседател Петро Порошенко и неговата желба да биде реизбран.

Во обраќање пред економски форум во Москва, емитувано на руската телевизија, Путин првпат го коментираше поморски судир крај анектираниот од Русија Кримски Пполуостров и навести за опасноста од голем (воен) конфликт меѓу двете соседни земји.

Според Путин, судирот бил целосно испровоциран од украинските бродови, кои одбиле да комуницираат со руските морски граничари и ги нарушиле територијалните води крај јужните руски брегови.

Изјавата на Путин е целосно спротивна на тврдењата на украинската Влада дека украинските бродови доаѓале од друга насока и несомнено биле во меѓународни води.

– При приведувањето на украинските морнари, руските граничари прецизно и совршено ја исполнија својата должност. Тие и не можеа да дејствуваат поинаку, затоа што тогаш „требаше сите да бидат судени. Но тие исполнија законската обврска за заштита на територијалниот интегритет на Руската Федерација, истакна Путин.

Тој повтори дека станувало збор за „провокација организирана од актуелната власт (во Киев), вклучувајќи го и претседателот, во пресрет на претседателските избори во Украина, јави ДПА.

Според него, поради нискиот рејтинг Петро Порошенко веројатно нема да влезе ниту во втор круг на претседателските избори и затоа му било потребно да се направи нешто за да се заостри ситуацијата и да создаде огромни пречки за своите конкуренти, пред сè од опозицијата, додаде Путин.

Тој потсети дека во претходните години Украина имала повеќе сериозни причини да прогласи воена состојба, на пример во екот на конфликтот во Донбас.

– Тогаш фактички имаше војна, и не беше воведена никаква воена состојба, а сега, поради мал инцидент во Црното Море, воведоа вонредна состојба. Тоа се прави јавно, во пресрет на изборите и тоа е апсолутно очигледен факт” истакна Путин.

Треба да знаете
Последни објави