Search

Путин ги поднесе во Парламентот пакетот уставни измени

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го поднесе во Парламентот пакетот уставни измени, за помалку од една недела откако објави ненадеен план за реформа на политичкиот систем.

Предлог законот за измените, кој е достапен на интернет страницата на Државната Дума, предлага измени, вклучувајќи и префрлање на дел од власта надвор од претседателството.

Путин претходно денеска го сменил рускиот јавен обвинител Јури Чајка, а го го испратил името на неговиот наследник Игор Краснов како предлог за нов јавен обвинител на разгледување во горниот дом на парламентот. Според властите, 68-годишниот Чајка ја напушта позицијата на која е од 2006 година, за друга позиција која сè уште не е позната.

Предлогот на Путин следува неколку дена откако руските пратеници во државната Дума со мнозинство гласови го избраа поранешниот шеф на федералната даночна служба Михаил Мишустин за нов премиер. Путин го предложи поранешниот Мишустин за премиер откако претходно владата на досегашниот Дмитри Медведев поднесе оставка.

Треба да знаете
Последни објави