Search

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград, во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу 6.000 полицајци и лица од безбедносните служби ќе се грижат за неговата безбедност во Белград.

Специјалците на ФСО дејствуваат во најстрога тајност, оваа агенција е позатворена дури и од ФСБ која го наследи познатиот КГБ. Поради тоа, нејзините припадници често се нарекуваат духови, а во медиумите се појавуваат бројни претпоставки, меѓу кои и оние дека во своите редови имаат двајца двојници на Путин.

Како што пишуваат српските медиуми, за време на посетата на првиот човек на Русија, по должината на трасата со кој ќе помине, освен униформирани полицајци, ќе бидат распоредени и 500 припадници на срспката полиција во цивили, како и 250 агенти БИА. На целата траса ќе бидат поставени и снајперисти кои внимаваат на можните опасности за рускиот државник.

Безбедносните подготовки на рутата по која ќе поминува Путин почнаа на вчера, а полицијата издаде предупредување на станарите од околните згради да ги спуштат ролетните и да не излегуваат на терасите.

На Путин во Белград ќе биде ставен на располагање два блиндирани автомобили.

Спутник пишува дека е всушност енигма колку точно специјалците се ангажирани на оваа задача, но постојат различни медиумски спекулации во кои се спомнува цифра од 250 руски безбедносни лица.Бројот и структурата на неговото обезбедување е строго зачувана државна тајна, но она што е познато е дека Путин е еден од најдобро чуваните луѓе на планетата.

Постојат неколку прстени на неговото обезбедување,со кои се опфатени видливи и невидливи безбедносни лица, специјални и разузнавачи, т.е. специјалисти за физичка заштита, како и оние од областа на медицината, хемиското и електронското оружје и други сфери.

Треба да знаете
Последни објави