Search

Путин во Белград: Последните потези на Приштина предизвикуваат загриженост

Рускиот претседател, Владимир Путин за време на престојот во Белград изјави дека рускиот став по прашањето за Косово е познат.

„Се залагаме за обострано прифатливо решение за Косово, во согласност со резолуцијата 1244 од Советот за безбедност на ОН“, рече Путин, пренесе „Б92“.

Тој додаде дека последните потези на Приптина за воведувањето на таксите и создавањето на косовската војска, предизвикуваат сериозна загриженост.

„Русија ја дели загриженоста на српското раководство и граѓаните, бидејќи тие потези би можеле да доведат до дестабилизација на Балканот“, додаде Путин.

Русија како и Србија е заинтересирана Балканот да остане стабилен и безбеден, заклучи Путин на заедничката прес-конференција со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Рускиот претседател го поздравија голем број граѓани на улиците во Белград.

Треба да знаете
Последни објави