Search

Путин: Боливија е на работ на хаос, многу потсетува на Либија и Венецуела

Рускиот претседател Владимир Путин во коментар за ситуацијата во Боливија изјави дека оваа латиноамриканска земја се наоѓа на работ на хаос.

-Боливија е на работ на хаос. Постојат елементи на мешање однадвор, но тие секогаш се појавуваат таму каде постојат внатрешни компликации. Настана ситуација кога воопшто нема власт, или сите моментални власти се повлекле. Безвластие. Генерално зборувајќи ова потсетува на Либија, оцени рускиот претседател по завршувањето на самитот на БРИКС во Бразил.

Путин, исто така, потсети на обидот за државен удар во Венецуела, истакнувајќи дека ситуацијата во Латинска Америка се менува многу брзо. Тој нагласи дека се надева дека здравиот разум, одговорноста и разбирањето на интересите на своите граѓани ќе ги надвладеат партиските амбиции на политичките сили, потсетуваат руските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави