Search

Путин: Благодарение на Ердоган, односите меѓу Русија и Турција се сѐ подобри

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека подобрувањето на руско-турските односи е лично постигнување на неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, кој, како што рече, вложува голем напор и енергија за односите да бидат на високо ниво.

Путин за време на денешните разговори со турскиот претседател изјави и дека нивните, сега веќе редовни состаноци, даваат позитивни резултати во односите меѓу двете земји, пренесе агенцијата „Тасс“.

Тој наведе и конкретни податоци кои покажуваат дека трговската размена меѓу Турција и Русија за 10 месеци во 2018 година ја надминала вкупната размена од 2017 година.

Путин истакна и дека бројот на руски туристи кои ја посетиле Турција минатата година се зголемил за 30 проценти и достигнал шест милиони, што, според него, е добар показател дека граѓаните на двете земји гледаат позитивни промени во билатералните односи.

Рускиот претседател додаде дека двете држави продолжуваат со спроведување на главните билатерални проекти, интензивно соработуваат во однос на регионалните безбедносни прашања и активно бараат решение за кризата во Сирија.

Треба да знаете
Последни објави