Search

Путин бара богаство во вредност од милиони евра од музејот во Загреб

Руски дипломати во Загреб се подготвуваат за првата официјална посета на рускиот претседател Владимир Путин во Хрватска, која, како што неодамна најави рускиот амбасадор Анвар Азимов во интервју за Тас, би можела да се организира следната година.

Според хрватските медиуми, Путин, Колинда Грабар-Китаровиќ и Пленковиќ на средбите би разговарале за голем број на важни теми: гасификација, Агрокор, руските инвестиции во хрватски компании, хотели, трговија и слично. Но, според медиумите, на маса веќе се нашло и прашањето за слика на рускиот уметник Николас Роерих (роден под името Николај Константинович Роерих). Поточно станува збор за враќање на десет негови вредни слики, кои повеќе од 85 години се изложени на Модерната галерија во Загреб.

Амбасадорот Азимов го покрена прашањето за предавање на овие слики на Русија, земја од која Роерих заминал во далечната 1917 година и во која никогаш потоа не се вратил.

Иако сликите се добро згрижени во Модерната галерија, вели Азимов, Русија ги бара бидејќи смета дека кај нив ќе има поголем интерес за нив. Пред да се вратат делата на овој уметник, потребно е да се утврди прашањето на сопственоста, поради што руската амбасада започнала разговори со хрватското Министерство за култура.

Треба да знаете
Последни објави