Search

Пусиќ: Идејата Хрватска да ја блокира Србија на европскиот пат е самоубиствена

Поранешната шефица на хрватската дипломатија Весна Пусиќ оцени дека идејата Хрватска  да треба да ја блокира Србиоја на европскиот пат е „самоубиствена и глупава”.

Пусиќ оценува дека доколку во ЕУ постои критична политичка маса подготвена да тргне напред, Хрватска само ќе ги влоши односите со соседите.

Таа ова го кажа во интервју за „Јуропиан вестерн Балканс” (ЕВБ) и додаде дека Хрватска со тоа уште повеќе самата ќе се ископлицира.

-Ова прашање во Хрватска е за интерна употреба, некои сили можат да го користат, па дури и на избори во рамките на една партија, во ХДЗ, на пример. Но, сериозно, тоа е чиста глупост. Хрватска мора да се обиде пред тоа да ги реши билатералните односи и една од овие земји да влезе во ЕУ, а тоа може да се направи доколку имате релативно пристојни односи, рече Пусиќ.

Според неа, единствен начин на кој тоа може да се почне е доколку постојат барем малку пристојни односи и одредено количество доверба, бидејќи доколку не постои можете да работите што и да посакате, но ништо нема да се постигне.

-Значи, мора да постои некој вид дамско согласување, рече Пусиќ.

Таа додаде дека доколку паметно одигра Хрватска може да има значајна и позитивна улога во проширувањето на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави