Search

„Пусикет долс“ се враќаат со нова песна по пауза од 10 години

Бендот девојки прв пат го наговестија својот кам-бек на настапот на британскиот „Икс фактор“ (The X Factor) во ноември 2019 година.

По многуте шпекулации на социјалните медиуми, React пристигна заедно со придружно музичко видео снимено во Лос Анџелес од страна на режисерското дуо Бредли и Пабло.

На спотот, Никол Шерцингер, Ешли Робертс, Џесика Сута, Кимберли Вајат и Кармит Бакар изведуваат една од нивните препознатливи кореографии.

Една сцена го покажува квинтетот атрактивни девојки додека танцуваат на дожд, а главната вокалистка Шерцингер пее „Ме правиш сурова…дека сакам да реагираш… барам малку конфронтација…сега знам дека добрите момци ме прават злобна.“

React е прва нова песна на „Пусикет долс“ од објавувањето на нивниот втор студиски албум, Doll Domination, во 2008 година.

И покрај светскиот успех, бендот се распадна во почетокот на 2010 година поради внатрешни несогласувања. Тие се расформираа по завршувањето на нивната светска турнеја и решија да продолжат со соло кариера.

Никол Шерценегер е единствената членка што забележа успех во самостојната кариера, која меѓу другото, веќе неколку години е дел од жирито на британски „Икс фактор“.

 

Треба да знаете
Последни објави