Search

Пуповац: Не се двоумевме околу поддршката за Пленковиќ

Претседателот на Самостојната демократска српска партија (СДСС) во Хрватска, Милорад Пуповац, изјави дека партијата не се двоумела да го поддржи хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и дека продолжиле разговорите со него за нивните позиции во новата хрватска Влада.

За весникот „Политика” Пуповац кажа дека е договорено министер да биде некој што ќе го предложи СДСС, односно претставник на српската заедница, кој ќе ги застапува интересите на Србите и другите малцинства.

Тој соопшти дека не е исклучена ниту позицијата вицепремиер.

-Немаме никој на таа позиција долго време, од 2011 година, кога Слободан Узелац ја напушти функцијата заменик премиер, рече Пуповац.

Треба да знаете
Последни објави