Search

Пункт за донации како дел од проектот „Да ја искорениме менструалната сиромаштија!”

Во Веро Центар денеска од 14 до 18 часот ќе биде поставен пункт за донации на хигиенски влошки за девојчињата од социјално ризичните групи.

Акцијата е организирана од страна на тимот на Новинари за човекови права и претставници од британската Амбасада, кои се поддржувачи на проектот „Да ја искорениме менструалната сиромаштија!”.

Наташа Дуковска, проектниот координатор наведе дека производите ќе бидат донирани на девојчиња вклучени во редовниот образвовен процес.

– Петнаесет отсто од жените немаат пристап до хигиенски производи за управување со менструалната хигиена. Високата цена на производите е една од причините за менструалната сиромаштија! Да и се спротивставиме сите заедно и да донираме хигиенски влошки за девојчињата од социјално ризичните групи, апелира Дуковска.

Најавено е присуство на амбасадорката на Велика Британија во земјава Рејчел Галовеј.

Треба да знаете
Последни објави