Search

Пулмологот Несторовиќ бил инфициран од коронавирусот, ама јадел свинско и мирисал лаванда

Српскиот професор пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против пандемијата со коронавирусот кај северниот сосед, гостувајќи во емисија на ТВ Б92 открил дека бил инфициран од Ковид 19. Но, Несторовиќ признал дека не бил во самоизолација, затоа што морал многу да се работи.

-Сигурен сум дека имав коронавирус уште на самиот почеток затоа што имав треска и дијареа два дена и чинам дека е тоа. Не бев во изолација затоа што немаше време за тоа и мораше да се работи. Тоа помина брзо кај мене, но јас не инфицирав никого затоа што бев општествено одговорен – изјавил д-р Несторовиќ.

Запрашан од српските медиуми зошто не е во самоизолација и зошто не е тестиран, како што е препорачано на сите, тој одговорил дека не се однесува неодговорно кон себе или кон луѓето околу него.

-Во еден момент, навистина мислев дека е можно да го имам вирусот, но ги немав тие проблеми. Можев да јадам свинско месо, не го изгубив чувството за мирис, што е првиот симптом на коронавирусот. Тогаш имавме бројни состаноци во Владата, каде што се сретнав со разни луѓе. Седум или осум од нив се разболеле, дури и готвачката. Во тоа време, бев преплашен, па веднаш отидов дома. За да ги заштитам моите по дома, го напуштив станот и се преселив во Обреновац. Лежев три дена, имав треска два дена и го направив тој брз тест, што беше негативен. Следниот ден, веќе бев на нозе, појаснил Несторовиќ, кој со овие здравствени тегови се соочил крајот на февруари.

Несторовиќ е убеден дека коронавирусот циркулирал во Србија долго пред да биде откриен првиот пациент заразен со Ковид-19.

-Ако сега се потврди дека коронавирусот била присутен во Италија на 27 декември, тогаш веднаш по католичкиот Божиќ, кога голем број наши луѓе доаѓаат во Србија на празниците, нема шанси вирусот да не циркулирал во нашата земја од јануари. Се сеќавам дека испитував едно момче пред првиот кризен штаб, за кого сега сум сигурен дека тој имал коронавирус, затоа што ги имаше сите симптоми. Тој кашлаше во мене, но за среќа, имам силен имунитет, додава Несторовиќ и открива дека се проверувал секое утро со мирисање на лаванда, бидејќи губењето на мирисот е првиот симптом за присуството на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави