Search

Пулишиќ призна: Му се јавив на Обамејанг…

Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ и официјално е претставен како нов фудбалер на лондонски Челси.

Пулишиќ пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од редовите на Борусија Дортмунд за околу 70 милиони милиони евра и најверојатно ќе има тешка задача пред себе – да го замени Еден Азар кој најверојатно ќе го напушти клубот.

Сега веќе поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, призна дека пред да потпише за Челси му се јавил на Пјер Емерик Обамејанг за да го праша каков е животот во Лондон.

„Кога се појави можност за трансфер во Челси, го контактирав Обамејанг. Иако тој пред година и пол се пресели во Арсенал, ние останавме во контакт. Го прашав како е во Лондон и слични работи и ми кажа дека му е убаво. Со него бев добар пријател и кога бевме во Дортмунд, многу научив од него“, изјави Пулишиќ.

Треба да знаете
Последни објави