Search

Пукотници на автопатот Тетово-Гостивар, еве што се случило

Пукотници на автопатот Тетово-Гостивар, еве што се случило

Вчера во 15,20 часот телефонски во Полициско одделение Камењане А.Р.(27) од с.Богојци-струшко пријавил дека движејќи се со патничко моторно возило “БМВ“ со австриски таблици на автопатот Тетово-Гостивар после наплатната рампа Тетово каде поминувала колона на возила при семејна веселба слушнал истрели од огнено оружје.

Потоа видел дека ветробранско стакло било оштетено од огнено оружје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово, при што пронајдено било едно зрно од испукан куршум и било подигнато и предадено за помнатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави