Search

Пукање во Скопје: Искршено стакло од автомобил

Пукање во Скопје: Искршено стакло од автомобил

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 23:50 часот, 41-годишниот Б.А.од Скопје пријавил дека, додека бил во неговиот дом, слушнал два истрели. Кога излегол надвор забележал дека на неговото возило „Џип“ со скопски регистерски таблици било скршено задното ветробранско стакло.

Повредени лица нема. Пронајдени биле два фрагменти од проектил.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави