Search

Пукање пред синагога во Германија, има загинати, напаѓачот во бегство

Најмалку две лица загинаа во пукање што се случило пред синагогата во градот Хале, Германија, јавува АФП, повикувајќи се на локалната полиција. Според неофицијални информации, една од жртвите е жена.

На официјалниот твитер-профил на полицијата во Хале пишува дека сторителот е во бегство и дека потерата е во тек.

Напаѓачот пукал со автоматски пиштол, убил едно лице, а повредил неколку други пред да избега, јавуваат локалните медиуми.

Истите извори наведуваат дека и на еврејските гробишта е фрлена рачна граната.

Треба да знаете
Последни објави