Search

Пукање доцна синоќа во Скопје

Околу 22.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, 20-годишниот Ф.Ј. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.10 часот на улицата „Бутелски венец“ се сретнал со лицето Е.И. и започнале вербална расправија во врска со префрлање на сопственост на патничко возило , со скопски регистарски ознаки.

После тоа, Е.И. му упатил и закани на Ф.Ј.

Во 22.25 часот непознато лице од возило во движење испукал неколку куршуми во воздух, по што заминало во непознат правец.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави