Search

Пукање во центарот на Дубровник, таксист заврши во болница

Кон таксист од Дубровник било пукано синоќа пред полноќ во центарот на туристичкиот град, на неколку метри од влезот во историскиот дел од градот, објави „Дубровачки дневник“.

Како што дознава весникот, кон таксистот биле испукани шест куршуми.

Се наведува дека сѐ почнало со меѓусебно туркање на возачот со двајца мажи, за на крајот да кулминира со пукање.

Двајцата мажи во моментов се во бесгство.

Од дубровачката полиција соопштија дека по нив интензивно се трага, а идентитетот на едниот осомничен ѝ е познат на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави