Search

Пукање во Скопје – рането едно лице

Пукање во Скопје – рането едно лице

Пукање среде улица, рането едно лице. Според информациите на полицијата, вчера  во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.Д.(56) пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот на улицата “Лазар Поп Трајков“ додека го туркал својот моторцикл го поздравил Д.М. Овој пак влегол во зградата, а по кратко време излегол од неа и со воздушна пушка го застрелал С.Д. во пределот на десната потколеница. С.Д. побарал лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар била костатирана телесна повреда и бил пуштен на домашно лекување.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави