Search

Пукање во Нов Белград, мета бил член на криминалната група „Пинк Пантер“

На паркингот пред трговскиот центар во Нов Белград, каде што попладенво околу 16:40 часот се случило пукање, во кое тешко бил ранет еден маж, во моментов се врши увид од страна на белградската полиција, пренесуваат српските медиуми.

Според „Танјуг“ во тек е интензивно пребарување на околината со цел да се најде напаѓачот.

Порталот „Блиц“, пак, информира дека пукањето се случило на паркингот, а напаѓачот потоа го фрлил пиштолот и се дал во бегство.

Очевидци рекле дека тој имал црвена јакна, капа и хируршка маска и дека кон човекот испукал два куршума во задниот дел од главата.

Од Брзата помош изјавиле дека во Ургентниот центар е донесен тешко повреден маж.

Дел од медиумите јавуваат дека застрелан е 35-годишниот Александар Шарац, кој важел за член на криминалната групата „Пинк Пантер“, позната по своите спектакуларни кражби во западноевропските земји.

Според неофицијални информации, тој веќе им подлегнал на повредите.

Треба да знаете
Последни објави