Search

Пукање во Количани: Двајца полицајци нападнати од дрвокрадци

На 09.05.2019 година околу 17.35 часот во село Долно Количани-скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево при преземање на службени дејствија со цел да запрат две товарни моторни возила натоварени со дрва, биле физички нападнати од повеќе лица.

Во тој момент бидејќи им била загрозена сигурноста полициските службеници испукале по еден предупредувачки истрел во воздух и успеале да се оттргнат од насобраната толпа. Полициските службеници со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош и од страна на лекар констатирани им биле телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Жители на селото негират дека тие ги нападнале полицајците и велат дека се транзит на дрвокрадците кои се од други села и поминуваат низ Долно Количани и токму тие ги нападнале полицајците.

Треба да знаете
Последни објави