Search

Пукање во Бутел:Пронајдени 16 чаури, од неколку лица подигнати барутни тестови и облека

Пукање во Бутел: Пронајдени 16 чаури, од неколку лица подигнати барутни тестови и облека

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера во периодот од 19.50 до 20.10 часот било пријавено дека на улицата „Петар Манџуков“ се слушнале истрели од оружје.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен бил увид во дворно место од куќа, сопственост на С.Т. (56), каде имало семејна веселба, по што на местото на настанот затекнати биле и лицата Љ.Т. (28), А.Т. (21), Е.Т. (22), Д.И. (23). Повредени лица нема.

Подигнати биле 16 чаури кои се предадени за понатамошно вештачење. Од лицата затекнати во куќата подигнати се барутни тестови и облека.

Се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави