Search

Психотераписки сесии, терапија, советување и тестирање за лицата со ретки болести и нивините семејства

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици” потпиша Договор за соработка со Неокортекс – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација, со кој се овозможува индивидуални психотераписки сесии, партнерска терапија и советување, семејна терапија и советување, психолошко советување за родители, психолошко тестирање со изработка на наод и мислење, и други услуги кои им се потребни на семејствата кои се соочуваат со некоја ретка болест.

Психолошката и психотерапевтската поддршка за семејствата со ретки болести, посочуваат од Здружението, е обезбедена преку линијата за помош за семејства со ретки болести.

– Поддржувајќи ги пациентите во изминатите десет години, свесни сме дека е потребна психолошка поддршка не само за пациентите, туку за целокупните семејства, бидејќи ретката болест не  е товар само на тој што ја има туку на целото семејство. Затоа решивме дел од средствата добиени од Фондација „Трајче Мукаетов” во 2018 година да ги насочиме токму кон обезбедување на бесплатни психолошки и психотераписки услуги за семејствата со ретки болести. Во 2019 година граѓаните кои се соочуваат со ретка болест може да се обратат директно до Центарот до м-р Ивана Хаџиванова, психолог, психотерапевт, тренер на телефон 075 273-768, да си закажат термин и да ја добијат поддршката која им е потребна. Се надеваме дека достапноста на услугата и гарантираната анонимност ќе придонесе кон поголема помош и поддршка за семејствата со ретки болести и подобрување на нивниот квалитет на живот, истакна претседателот на Здружението, Весна Алексовска.

Таа посочи дека иако почнуваат во Скопје, до крајот на годинава ќе се одржи и работилница за и психолози од други градови да се обучат за работа со семејства со ретки болести, да се споделат искуства и да се помогне на сите на кои им е потребно.

Треба да знаете
Последни објави