Search

Психијатриско лекување за убиецот од Чајлане, кој си го закла брат му на Нова Година

Обвинетиот Ј.В.(56), во вечерните часови на 31 декември, во семејниот дом во село Чајлане, Сарај, во состојба на непресметливост поради трајна душевна болест-параноидно растројство, при вршење семејно насилство, со умисла го лишил од живот сопствениот брат Ќ.Д.(66).

Двајцата браќа најпрвин започнале да се расправаат, па во еден момент обвинетиот од џебот извадил нож и му нанел две сечни и три убодни рани во вратот на својот брат. Како резултат на брзото и обилно искрварување од вратните крвни садови, бил предизвикан недостаток на кислород во мозокот на оштетениот, па на 05.01.2020 година тој починал.

Треба да знаете
Последни објави