Search

Психијатар во пензија ја лекува Катица во Шутка

Мирко Треневски затворски психијатар кој е во пензија од пред шест месеци, повторно е вратен назад на работа. Тој сега работи и во затворот во Идризово, а два пати во неделата доаѓа и во Истражниот затвор во Шутка. Во овој затвор, меѓу останатите притворени лица, психијатарот Треневски ја следи и психичката состојба на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска тврди дека психичката состојба на Јанева е лоша.   Здравствениот дом во Скопје под чија надлежност е вработувањето на лекарски персонал во затворите, одлучил пак да го врати Треневски на работа додека не најдат психијатар за постојано вработување.

 

Треба да знаете
Последни објави