Search

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни лекови, објави виенското списание „Космо“. Лекарите кои јаделе торта наскоро се пожалиле на мачнина, вртоглавица и други симптоми, а еден имал и зголемена температура.

„Десет медицински работници ја јаделе тортата, а осум или девет потоа имаа симптоми, четиворица од нив потешки. На почетокот мислевме дека сме заразени со коронавирусот, но по неколку дена се посомневавме во тортата”, изјави еден доктор во психијатрискиот оддел на затворот.

Лекарот што јадел најголем дел од тортата морал да биде пренесен во Виенската општа клиника АКХ, каде во крвта на пациентот е пронајдена зголемена доза на лекови (бензос и труксал), коишто се користат во психијатријата. Меѓу „дрогираните“ доктори бил и шефот на психијатријата во затворот, двајца други лекари и други.

Откако било утврдено дека неколку лекари биле затруени кон средината на месецот, полицијата дошла на работното место на младиот психијатар во четвртокот, но тој повеќе не се појавил на работа. Чуварите организирале потрага по осомничениот лекар и го нашле во едно кафуле.

Тој е уапсен и пренесен во истражен затвор, а што се однесува до мотивот, медиумите шпекулираат дека тој бил незадоволен поради невозвратена љубов кон еден колега. Тој, наводно, претходно му ги дупнал гумите и му го изгребал возилото на колегата.

„Не ни е јасно зошто ја донел отровната торта и зошто им наштети и на други луѓе кои немаат никаква врска со тоа“, велат во затворската болница.

Патем, младиот доктор, кој специјализирал психијатрија, прво сакал да биде хирург, но потоа специјализирал психологија и важел за еден од подобрите.Според медиумите, докторот потекнува од истакнато белградско семејство.

Треба да знаете
Последни објави