Search

ПСЖ ќе се загрева за Лигата на шампионите со турнир во Катар

Неколку француски фудбалски клубови, предводени од шампионот Пари Сен Жермен, размислуваат за организирање на турнир во Катар во јули. Другите учесници најверојатно ќе бидат Лион, Лил и СентЕтјен.

За ПСЖ, турнирот ќе биде проба пред продолжување на Лигата на шампионите, а за останатите екипи ќе биде дел од подготовките за новата сезона во Лига 1.

На Парижаните им претстојат и последните натпревари во Купот на Франција и Лига Купот.

Натпреварите најверојатно ќе се играат во главниот град Доха. Во моментов не се пуштаат странци во Катар, но ситуацијата се очекува да се промени до јули.

Треба да знаете
Последни објави