Search

ПСЖ подготвен да го раскине договорот со Хесе

Играчот за врска на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Хесе, може да го напушти тимот во зимскиот преоден рок, пренесува „Deportes Cuatro”. Според изворот, 27-годишниот Шпанец е незадоволен од својата позиција во клубот, а наводно главниот тренер на парижаните, Томас Тухел, јасно ставил до знаење дека не смета на играчот.

Хесе се пресели во ПСЖ од Реал Мадрид во 2016 година за 25 милиони евра. Минатата сезона играше на позајмица за Спортинг Лисабон. Во португалскиот шампионат имаше 12 настапи и еден гол.

Во тековната сезона од француската Лига 1, Хесе одигра два натпревара. 

Треба да знаете
Последни објави