Search

ПСЖ остана и без купот на Франција, Рен подобар во пенал рулетот

Фудбалерите на Рен со пресврт славеа во финалето на Купот на Франција против апсолутниот фаворит ПСЖ, откако по 0:2 изедначија, па во пенал рулетот славеа со 6:5 на „Стаде де Франс“ во Париз.

Парижаните поведоа со 2:0 со головите на двајцата бразилски репрезентативци, Дани Алвеш во 13 и Нејмар во 21 минута. Рен го намали водство во 40 минута со автоголот на бекот на „Светците“ Преснел Кимпембе, а стрелец на израмнувачкиот погодок беше во 66 минута Едсон Мешер. До крајот на регуларниот дел немаше погодоци, како и ниту во получасовното продолжение, па победникот се решаваше со пенал серијата, а во 118 минута поради груб старт беше исклучен Килиан Мбапе.

Серијата заврши со резултат 6:5 за Рен. Во првите пет серии изведувачите беа прецизни, а во шестата за Рен погоди Сар, додека 21-годишниот халф на ПСЖ, Кристофер Нкунку, кој влезе во игра две минути пред крајот на второт опродолжение, ја испрати топката преку гредата.

Играчите на Рен, кому ова му е прва титула во Купот на Франција по 48 години, пехарот го примија од претседателот Емануел Макрон. Рен последен пат играше во финалето на купот во 2014 година, кога беше поразена со 0:2 од Генган. Рен, исто така, еднаш играл и во финалето на Купот на француската лига, и во Купот Интертото.

 

Треба да знаете
Последни објави