Search

ПСЖ одговори на гласините: Мбапе не оди никаде

 По свеченоста на која ја доби наградата за Играч на сезоната во француската Лига 1, младиот напаѓач Килијан Мбапе ги зачуди сите присутни со криптична изјава за неговата иднина. ПСЖ денеска излезе со официјален став и разјаснување за односот помеѓу клубот и Мбапе.

 

„Ова е многу важен момент за мене, бидејќи се наоѓам на пресвртница во кариерата. Можеби е време да имам повеќе одговорности, што би можело да биде во ПСЖ на големо задоволство, или можеби на друго место со нов проект“, изјави Мбапе.

Изгледа дека „новиот проект“ кој Мбапе го спомена сепак нема да се случи, бидејќи од денешната изјава на ПСЖ може да се заклучи дека францускиот шампион би сакал да ја продолжи соработката со младиот Французин.

„Во изминатите две години се формираше силна врска помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе, а оваа приказна ќе продолжи и во следната сезона, со заедничка амбиција за креирање на европска иднина во годината кога клубот го слави 50-от роденден“, пишува во соопштението на ПСЖ.

За потписот на Мбапе веќе цела година се борат Барселона и Реал Мадрид – двата гиганти кои се решени да бидат многу зафатени и во овој летен преоден рок кој доаѓа за помалку од еден месец. Барем засега, изгледа дека Мбапе ќе ја продолжи соработката со францускиот шампион ПСЖ, но малку е веројатно дека тој нема да подлегне на искушението да си ги испроба можностите и надвор од неговата родна земја.
Треба да знаете
Последни објави