Search

ПСЖ и без Неимар пресилен за „Јунајтед“, „Рома“ за шест минути го реши „Порто“

ПСЖ со една нога е во  четвртфиналето на Лигата на Шампиони откако во Манчестер славеше против „Јунајтед“ со 0:2, а во вториот вечерашен натпревар победа остварија и фудбалерите на „Рома“ кои триумфираа со 2:1 против „Порто“.
Иако настапија без првата ѕвезда, Бразилецот Неимар, но и Кавани, парижаните одигра зрело и доминантно и сосема заслужено дојде до победата. Во првиот дел немаше многу шанси, освен една одлична прилика на Мбапе. Во 53. минута по асистенција на Ди Марија, Кимбемпе постигна гол за водство на ПСЖ од 1:0, а само седум минути Аргентинецот повторно асистираше, овој пат за Мбапе кој ги постави конечните 2:0. Во финишот од мечот Пол Погба доби втор жолт картон, па „Манчестер Јунајтед“ нема да може да смета на Французинот за реваншот.
Во вториот натпревар од осминафиналето Рома на „Олимпико“ на крилата Заниоло на најмладиот Италијанец кој постигнал два гола во ЛШ го совлада Порто со 2:1. Сите три гола беа постигнати во девет минути. Заниоло погоди во 70. и 76. минута за водство од 2:0 на Рома, а Адриан во 79. го намали водството на домаќините.
Утре играат Ајакс – Реал Мадрид и Тотнем – Борусија Дортмунд.
Треба да знаете
Последни објави