Search

ПСЖ за само неколку минути остана без Нејмар и Мбапе

Нејмар и Килијан Мбапе претрпеа повреди и сега е под знак прашалник нивниот настап против многу важниот натпревар на ПСЖ во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Нејмар на самиот почеток од пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Камерун, после еден удар почувствувал болка и побара измена, па во осмата минута го напушти теренот.

Исто така, за целата работа да биде уште полоша за ПСЖ, Килијан Мбапе поради повреда го напушти натпреварот помеѓу Франција и Уругвај во 36-та минута.

Парижаните сега се соочуваат со голем проблем, со оглед на тоа што останува уште една седмица до дуелот против Ливерпул во Лигата на шампионите кој што е од големо значење за избраниците на Тухел.

Треба да знаете
Последни објави