Search

Проштална церемонија во Лариса пред преселбата на Командата на Бригадата на ЈИ Европа во Куманово  

Во штабот на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) во грчкиот град Лариса вчера се одржа проштална церемонија во пресрет на префрлувањето на Командата во Куманово, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за одбрана на Грција, на настанот присуствуваа заменик-министерот за одбрана на Грција, неговиот колега од Албанија, командантот на SEEBRIG, романскиот генерал Тудорица Петраке, како и претставници на политичките и воените власти што учествуваат во Иницијативата на министрите за одбрана од Југоисточна Европа.

Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, а од 2011 година штабот е во Тирнаво (Лариса), а со префрлувањето во Куманово, Северна Македонија ќе биде домаќин до 2026 година.

Треба да знаете
Последни објави