Search

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗАШТЕДЕТЕ: Пет глупави начини како ги трошиме парите

Ќе бидете богати онолку колку што нема да успеете да купите некои работи, рекол одамна филозофот Х.Д. Торо. Освен замката шопинг, постојат уште неколку работи на кои секојденвно трошиме пари, а не сме ни свесни.

Само помислите што се може да имате ако успеете секој месец за заштедите 10 отсто од вашите примања?

Ова се пет знаци дека треба да намалите со трошењето.

Купувате нови работи само затоа што се нови

Вие сте вториот човек во ред кога треба да се купи нов модел на телефон, нова модна колекција или некој уред? Сигурно не сте свесни дека новиот ајфон, облека или слично ќе излезе пак за шест месеци и дека секогаш ќе се појавува нешто ново. Одличен пример за тоа се новите автомобили во кои мирисот на новото уште не испарил, а неговата вредност паднала за 15 отсто.

На распродажба купувате работи кои не ви требаат и не го одредувате буџетот

Во жарот на купување многу е лесно да се изгуби компасот. Не наседнувајте на попустите од 10, 20 или 50 отсто. Ништо не добивате. Нема потреба од 30 рала чевли, 50 исти маици, тоа не го купувате затоа што ви треба, туку само затоа што е на попуст. Студиите покажуваат дека луѓето кои одат во продавница со одреден буџет трошат 30 отсто помалку пари. Задоволни се со она што го одбрале бидејќи направиле список и го купуваат само она што им е потребно.

Плаќате камати

Плаќање со картички не е бесплатно. За нив е потребно да платите годишно членство, а некогаш и камати за одложено плаќање или кредитирање.

Не ги користите картичките во продавниците во кои редовно купувате

Бодовите и попустите во дуќаните во кои редовно пазарувате секако се предност, иако на прв поглед се чини дека се создадени да ни ги одземат парите од џебот. Во секој случај е вредно да се користат овие поволности.

Почесто јадете надвор отколку дома

Јадењето подготвено дома секогаш е поевтино отколку да јадете надвор. Секако и многу поздрава е домашна храна. Луѓето кои се хранат дома трошат 40 отсто помалку пари за јадење отколку оние што јадат во ресторани.

Треба да знаете
Последни објави