Search

Процедура- од номинација до мандат на еврокомесар

Новоименуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел ги објави задолженија што им ги доделила на нејзиниот тим од 27 комесари, меѓу кои и поранешниот унгарски министер за правда, Ласло Трошањи, кој ќе биде новиот комесар за соседство и проширување. Еврокомесарите на Урсула фон дер Лајен треба да ги потврди Европскиот Парламент пред да стапат на функција на 1 ноември.

За назначените комесари следуваат – тричасовни расправи пред ресорните комитети на Европскиот парламент во наредните недели.

Според правилата на ЕП, за одобрување потребно е  двотретинско мнозинство од координатори на политичките парламентарни групи на секоја комисија. Со други зборови, функцијата комесар се добива потешко отколку претседател на Европската комисија затоа што Урсула фон дер Лајен беше одобрена во јули со понизок праг за поддршка.

Доколку кандидатот не собере две третини од гласовите на членовите на комисијата, од него или од неа, ќе бидат побарани дополнителни писмени одговори или друг настап пред Европскиот парламент во траење од 1,5 час.

Во новата Европска комисија ќе има 13 жени и 14 мажи, меѓу кои осуммина досегашни еврокомесари.  Новиот колеџ ќе има осуммина потпретседатели, вклучувајќи го и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Двојна функција ќе имаат тројца потпретседатели (Франс Тимерманс, Маргрете Вестагер и Валдис Домбовскис), кои ќе бидат и комесари и потпретседатели задолжени за клучните теми од агендата на Урсула фон дер Лајен.  Потпретседателка на Комисијата ќе биде и Хрватката Дубравка Шуица, која ќе се занимава со демократија и демографија.

Треба да знаете
Последни објави