Search

Проф. д-р Драган Даниловски: Се гледа ли светло на крајот од тунелот наречен коронавирус?

Според, проф. д-р Даниловски логоритамската крива на регистрирани случаи во земјава
полека почнува да спласнува, што дава надеж дека полека ја контролираме инвазијата со
КОВИД-19.
„ Логоритамската крива на бројот на регистрирани случаи во земјава, полека почнува да спласнува, ако се смета од 23 март до денес. Значи ли тоа дека успеваме полека да ја контролираме инвазијата со КОВИД-19? Се гледа ли светло на крајот од тунелот?“, напиша доцна синоќа на својот Фејсбук профил, поранешниот министер за здравство и професор по епидемиологија, д-р Драган Даниловски.

На неговите стручни претпоставки се надополнува и фактот дека споредбено со
земјите не само во регионот, туку и во светски рамки, земјава е со најнизок просек на
заразени и починати од КОВИД-19…

Преземено од panacea.mk

Треба да знаете
Последни објави