Search

Професорот Докмановиќ избран во Одборот на директори на ЕНАМ

Професорот Докмановиќ избран во Одборот на директори на ЕНАМ

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први” и претседател на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА), Мишо Докмановиќ е избран за член на Одборот на директори на Европската мрежа на американски алумни организации (ЕНАМ).

ЕНАМ, како што се наведува во соопштението на МААА, опфаќа 68 организации на учесници на програми за размена со САД од 36 земји во Европа и Азија.

Професорот Докмановиќ во Одборот на директори ќе им се придружи на претставниците на Австрија, Велика Британија, Германија, Ирска, Италија и Унгарија.

За генерален секретар на ЕНАМ е избрана Тониа Арахова од Грција.

Изборот претставува признание за прогресот на земјата, како и активностите кои Македонско – американската алумни асоцијација ги спроведе во изминатиот период.

Треба да знаете
Последни објави