Search

Професорката Арифи на трибината „Правда наместо амнестија”: Уставниот суд од 2016 создаде правна несигурост и недоверба во тоа што значи правда

Уставниот суд со одлуката од 2016 создаде правна несигурост и недоверда во тоа што значи правдата и директно упадна во СЈО и одлуките на органот, но иако тоа не беше важчки му помогна на претседателот да ги даде помилувањата, истакна Беса Арифи, професорка по Кривично право на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на трибината на тема „Правда наместо амнестија”, во организација на СДСМ.

Уше малку ќе станат 4 години од денот на помилувањата и за жал оваа ситуација не следи и претставува правен проблем, а недвосмислено е дека Уставниот суд не може да биде оживувач на мртви правни норми, но тоа беше игнорирано и сега дојдовме во ситуација незаконски одлуки да произведуваат правни последици.

Укинувањето правно не дозволуваше помилувања, но сепак Иванов ги даде. Сите инволвирани укажаа дека тие помилувања се противзаконски, бидејќи не постои основа, но луѓето беа спасени од одговорност, и повотроно им се наметна одговорноста со член 11а, што сметам дека е грешка на тогашното Собрание, рече Арифи.

Уставниот суд тогаш требаше да укаже дека помилувањата се незаконски, а друга грешка беше направена во собранието со донесување на член 11а, со што призна дека член 11 е во сила, а не може да се дополни нешто што не постои, смета Арифи.

Добро е што е почнат процесот и што има јасна и недвосмислена одлука на законодаввно правната комисија, за да може после и пред меѓународните судови да докажеме дека одлуките за помилувања се ништовни, рече Арифи.

Таа смета дека тогашниот претседател Иванов е кривично одговорен за носење одлука врз основа на неважечка одредба.

Треба да знаете
Последни објави