Search

Против поскапувањето на струјата протестираа и граѓаните во Гостивар, Куманово,Дебар…

Покрај Тетово, денска попладне против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика која дозволи покачување на струјата протестираа и граѓаните во Гостивар, Дебар и Куманово.

Во Гостивар гражаните маршираа во организација на навивачката група „Кастриоти”. Целта на протестот е да се истакнат нивните барања: да се повлече одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, да се намали цената до 20 проценти, да се укине монополот на услугите на ЕВН, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика и да се создаде независен арбитражен трибунал во служба на граѓаните кој ќе го проверува квалитетот на услугите од областа на енергетиката.

Со транспаренти за намалување напишани на албански јазик, знамиња на Република Албанија и скандирање повеќе стотина граѓани поминаа од Центарот за култура до градскиот плоштад. Протестот кој траеше петнаесетина минути помина без инциденти и под надзор на полициски службеници со почитување на растојание и носење на маски. На протестот беше и градоначалникот Арбен Таравари кој нагласи дека е дојден како граѓанин, а не како политичар.

Во Дебар организацијата беше на навивачката група „Соколат” на фудбалскиот клуб „Кораб”, а поддржани беа и од други граѓански организации. Поголем број граѓани од Дебар се собраа пред наплатниот пункт на ЕВН кој се наоѓа во центарот на градот.

 

Треба да знаете
Последни објави