Search

Противниците на референдумот со протест пред Собранието – “Бојкотирам значи не гласам”

Противниците на референдумот со протест пред Собранието – “Бојкотирам значи не гласам”

По повод денот на независноста во главниот град движењето „Бојкотирам“ организира народна прослава „Среќен роденден Македонијо – Бојкотирам за да не е последен“, која започна во 17 часот на „Школка“ во Градскиот парк, а продолжи пред Собранието на РМ и Порта Македонија.

Претставници на граѓански здруженија се обратија до пратениците во Собранието, Владата и меѓународната заедница и побараа оставка од пратениците и Владата во рок од 48 часа. Во спротивно најавуваат радикализирање на протесите, односно блокирање на патишта и граѓанска непослушност.

Пораки против референдумот ќе упатат Џејсон Мико, македонски сенатор во американскиот Сенат, Ефтим Клетников, претседател на Македонски манифест и претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

Треба да знаете
Последни објави