Search

Противниците на брегзит испратија слатка порака до нивната влада

Лице со маска на британската премиерка Тереза ​​Меј во понеделникот продаваше „брегзит колачиња” на штанд што го организираа проевропски активисти, недалеку од британскиот парламент во Лондон.

Колачињата беа спакувани во бело-розови кесички, а целата сцена привлече големо внимание на социјалните мрежи. На овој начин, поединци сакаа на сатиричен начин да покажат како го гледаат протестот околу брегзит кој го води нивната премиерка.

Британската премиерка вчера кажа во Парламентот дека нема да се гласа денес за договор меѓу ЕУ и Велика Британија.

Луѓето кои останаа разочарани од оваа одлука излегоа на улиците, бидејќи сметаат дека нивната земја треба да ја напушти ЕУ што е можно поскоро.

Сепак, во Велика Британија постојат и оние кои се противат на излегувањето и кои веруваат дека треба да се организира нов референдум.

Се верува дека Обединетото Кралство би можело да донесе одлука за прекин на процесот околу брегзит.

Треба да знаете
Последни објави