Search

Протест пред судот за затворската казна на Абдулфета Алими

Пред Кривичниот суд во Скопје попладнево се одржува протест поради изречената затворска казна на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор како еден од обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

Учесниците на протестот кои се собраа пред споменикот на Скендр Бег по што дојдоа пред судот, носат маици со ликот на Алими и извикуваат пароли: „нема правда нема мир”, „правдата не е пазар”, „да спасиш човек”, не значи дека си терорист”,…

Сообраќајот на булеварот пред судот е блокиран, а околу зградата има засилено полициско присуство.

Абдулфета Алими, кој беше еден од сведоците на судењето за нападот врз Зијадин Села, тврди дека не учествувал во насилствата во Собранието на 27 април туку помагал да се спаси и евакуира лидерот на Алијансата на Албанците.

Обвинителката Вилма Рускоска, пак, во телевизиско интервју рече дека Села не бил спасен од Алими туку од еден од демонстрантите. Алими, вели Рускоска, на 27 април бил одговорен за вратите на Собранието и ако си ја вршел работата немало да треба никого да спасува.

Против затворската казна на Абдулфета Алими јавно се изјасни и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Треба да знаете
Последни објави