Search

Протест пред парламентот во Грција

Неколку стотици противници на договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција се собраа пред зградата на грчкиот парламент, каде пратениците го ратификуваа договрот.

Според овој договор, потпишан минатата година, Македонија ќе го промени своето име во Република Северна Македонија, а Грција нема да го блокира влезот на земјата во НАТО и нејзиниот пристап во ЕУ.

Протести во Грција имаше и синоќа, тие пред крајот на синоќешената собраниска расправа станаа тензични. Демонстрантите се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во парламентот.

Полицијата на ова одговори со солзавец и шок-бомби, а демонстрантите возвратија со камења, молотови коктели и бакли.

Дел од грчките медиуми претходно објавија и дека група демонстранти кои се против Преспанскиот договор се обиделе да ги нападнат домовите на дел од пратениците на СИРИЗА. Синоќа по протестот повеќе од 100 демонстранти беа притворени, дел од нив се уште се наоѓаат во притвор.

Треба да знаете
Последни објави