Search

Протест пред домот на Арнаудов: Не биди предавник, не гласај за уставни измени

Пратеникот Љубен Арнаудов ги прими демонстрантите кои од Скопје патуваа до Охрид за да му достават писмо, кое како што велат, содржи барање за тој да не гласа за уставни измени. Тие пред неговиот дом гласно викаа да не биде предавник како неговиот колега Сашо Василески и да ги прими во неговиот дом.

„Пред овој човек тука сакаме да му се обратиме на вмровски, знаеме со какви корени е, каква идеологија е. Вечерва сме тука за да го потсетиме, да го предомислиме за својата одлука, бидејќи Охрид не е предавнички град. Ќе се срамат цела генерација од него. Љубен да те потсетиме, не му било лесно ниту на Христо Узунов, Питу Гули, на сите револуционери. Ако седеле дома, немаше да ја има Македонија. Ти Љубен имаш обврска, да не учествуваш во ова предавство“, рече Бачев пред домот на Арнаудов.

Силното полициско обезбедување кај Арнаудов не дозволуваше демонстрантите да се доближат до неговиот дом.

Претходно, демонстрантите беа и пред домот на пратеникот Сашо Василевски каде имаше и вербална расправија помеѓу него и демонстрантите кои му упатија погрдни зборови. За нив, пратеникот Василевски е „предавник“ и „кодош“ на кого му била кажана само вистината, а никој не му се заканувал.

Треба да знаете
Последни објави