Search

Протест на српските млекопроизводители пред Министерството за земјоделство во Белград

Српските производители на млеко денеска протестираа пред Министерството за земјоделство во Белград незадоволни од ниските откупни цени на млекото. Во знак на протест, производителите истурија увозно млеко и фекалии на улицата пред Министерството за земјоделство.

Производителите на млеко поднесоа шест барања до Министерството за земјоделство, вклучително и премија за млеко од 20 српски динари (околу 10 денари) за литар, замрзнување на увозот и дозвола за извоз на млеко. Тие бараат и државна поддршка во износ од 40.000 динари (околу 20.000 денари) по грло.

Демонстрантите бараат и формирање работна група за млечниот сектор, како и загарантирана цена на млекото. Тие истакнаа дека нивна цел е да го спасат селото. Тие се заканија и со поголеми протести доколку не се исполнат нивните барања.

Треба да знаете
Последни објави