Search

Протест на пазарџиите пред Собранието и пред Бит-Пазар

Пазарџиите излегоа на протест пред Собранието во знак на револт од новиот закон кој предвидува пазарџиите да обезбедат лиценци, а на пензионерите им се забранува да продаваат на пазарите. Утринава останаа празни тезгите на Зелен пазар, Бит Пазар, како и на пазарите во Ѓорче Петров, Драчево и пазарот кај Буњаковец.

Присутните пред Собранието извикуваат „Уа Влада, уа Бектеши“.

Пазарџиите се незадоволни и од зголемените давачки. Лиценцата за тезгите чини 3.600 денари, а за втора тезга треба да платат дополнителни 2.400 денари. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија. Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат.

Треба да знаете
Последни објави